Бидејки повеќето коментираа дека треба да се воведе вакво нешто за играта да стане поинтересна, епа дечки ПОВЕЛЕТЕ!
ОПЕРАЦИЈА ПЛИК - нов настан во еМакедонија!!!
Сатира за секојдневната корупција во eMakedonija
ШТО ПРАВИШ?
- Земи предмет на шалтерот
Бираш една од 3 картички (на пр. „Намести тендер“, „Вработи го братучедот“, „Боледување на море“ или „Гласај наместо дедо“). Потоа бираш колку безобразно ќе го средиш:
• Тивко: 2 часа -> 2 плика
• Преку партија: 4 часа -> 4 плика
• Безобразно: 8 часа -> 8 плика
(Колку побезобразно, толку поголем ризик од скандал).
2. „Во процедура. Дојдете подоцна.“
Почести го шалтерот со кафе, па предметот ќе биде готов 30 минути порано.
3. Отвори го пликот
Или поминало, или е скандал. Ако пукне скандал, даваш изјава:
• „Не знам ништо“
• „Виновни се претходните“
• „Формирај комисија“
(Само една од трите поминува).
4. Заврти телефон за туѓ предмет
Нему предметот му е готов 30 минути порано, а ти добиваш 1 плик.
СКАЛАТА (Пликовите те качуваат)
• Обичен граѓанин (почеток)
• Партиски активист: 30 денари
• Вработен без работно место: 1 злато + 2 енергетски пијалаци
• Советник на советникот: 3 злато + 2 пијалаци
• Директор на јавно претпријатие: 5 злато + пијалак + куќа
• Недопирлив: 6 злато + 3 пијалаци + медал „Недопирлив“
Проверете на: https://emakedonija.mk/